Извршено пошумување со потсејување на локалитетот „Брана“ во Национален Парк „Маврово”

Постапката за пошумување била спроведена со подготовка на теренот и методот со плоштатки, со фрлање на семе заедно со лушпи, имитирајќи го природниот начин на осеменување во природата.

Управата на Јавната установа Национален Парк „Маврово” – Маврови Анови, согласно законските обврски и според планските документи, изврши пошумување со подсејување на локалитетот „Брана“, во одделите 67а и 68а.

Тоа е дел и од обврската за пошумување во шума каде што е воведен шумски ред по елементарна непогода.

„Потсејувањето со 10,5 килограми елово семе од автохтоно потекло го спроведоа  стручните служби на Паркот, во присуство на надлежниот инспектор од областа на шумарството, кој е задолжен за контрола при воведување на шумски ред и интервенција, со пошумување на наведениот терен“, информираа од НП „Маврово”. 

Семето е  потврдено со Уверение за потекло и процентуална ртливост , издадено од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „ХАНС ЕМ“ – Катедра за семенарство, Скопје.

Постапката била спроведена со подготовка на теренот и методот со плоштатки, со фрлање на семе заедно со лушпи, имитирајќи го природниот начин на осеменување во природата.

„Со оваа активност, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата, обновата и негувањето на шумските екосистеми – нашето најголемо природно богатство.  Исто така ја исполнуваме нашата мисија – зачувување на природата за идните генерации и одговорно управување со шумските ресурси“, посочуваат од НП „Маврово”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни