Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка и Гете Иститут Скопје во понеделник на 18 ноември
во 19:00 часот во мала сала на Филхармонија го најавуваат концертот „Kullermund“ на извонредите Extravaganza Quartet кој ќе гостуваат во Скопје.
,,Дека музиката и културата ги надминуваат сите граници покажува примерот со музичарите Јордан Костов од Македонија и Андреас Гинтер од Германија кои по нивното прво сретнување во Шангај во 2016 година ја следат идејата за свирење концерти низ светот со меѓународни уметници и локални музичари, а нивната музика одразува бројни впечатоци од патувања низ далечни земји и средби со други култури и луѓе” , велат организаторите.
Зборот „Kullermund“ има специфично значење кај германските деца: Кога двајца луѓе во исто време ќе изговорат исто нешто, некој може да извика „Kullermund“. Потоа, другата личност не смее да зборува додека не добие дозвола од спротивната страна! Една забавна детска игра. Врз основа на оваа случајна и спонтана игра, ансамблот ќе ги интерпретира македонските и германските детски и народни песни на уникатен и импровизиран начин покрај сопствените композиции.