Извлечени 30 лица од Сава во Хрватска, акцијата продолжува

Голема спасувачка акција е во тек меѓу Штитар и Бабина Греда, каде што 30 лица веќе се спасени, а дел од нив поради хипотермија се пренесени во болница.
Фото: Црвен Крст - Хрватска

Голема спасувачка акција е во тек на реката Сава меѓу Штитар и Бабина Греда, откако ноќеска полицијата добила пријава дека во водата има повеќе лица. Досега се спасени 30 луѓе, а потрагата на теренот и понатаму трае.

Од спасените 30 лица, осум поради изложеност на ниски температури и хипотермија биле пренесени во болници. Четири лица се згрижени во Винковци, две во Вуковар и две во Славонски Брод. Според директорот на болницата во Винковци, кај нив се примени четворица мигранти, двајца државјани на Бангладеш и двајца на Индија.

Според досегашните информации, станува збор за повеќе десетици лица кои останале заглавени на поплавено и мочурливо подрачје, а точниот број сè уште не е утврден. Неофицијално, најверојатно се работи за илегални мигранти, иако тоа засега не е официјално потврдено.

Полицијата првиот повик го примила ноќеска во 1:42 часот, по што на терен веднаш биле испратени пожарникари, интервентна полиција и други служби. Според командантот на ЈВП Жупања, Владимир Балентовиќ, спасените лица биле затекнати во поплавен шумски појас меѓу насипот и реката, каде буквално седеле на гранки од дрвја за да се спасат од водата.

Хрватските служби засега соопштуваат дека немаат информации за загинати, но потрагата продолжува со дронови и дополнителни екипи на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни