Изведба на танцовиот дует LOUNGE на Викендот на гордоста – Скопје 2024

На 15 јуни во 21:00 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе се одржи танцовиот дует LOUNGE во изведба на Marga Alfeirão и Mariana Benenge во чија основа се наоѓа двојната природа на одморањето, чекањето, движењето и придвижувањето. LOUNGE претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски и заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења.

Зборот lounge е глагол, со значење да седиш или да лежиш релаксирано, но и именка со значење јавен простор за релаксација. Лаунџинг (lounging) претставува и дејство и место, простор што можеш да го оформиш, да го населиш и да го густираш. Лаунџ собата како јавно наспроти осамено место, исто така има важност. Со помош на сопственото присуство, изведувачите навлегуваат подлабоко во себеси и во вибрациите. Во делото продира идејата за Невидлив танц во скут, сочинет од мали, речиси невидливи танцови кои со помош на погледот ја избледнуваат границата меѓу танчарот и оној врз кој се извршува танцот.

Преку ваквата кореографска стратегија се нагласува, но и се истражува врската меѓу танчарот и публиката, јавна и приватна, да видиш и да бидеш виден. Сензуалноста е клучна, па одовде и атмосферата. Светлото и музиката даваат потпора, скут во кој танчарите би седнале. Со примена на еротиката и градењето на заедништво, Lounge црпи од удобноста на одморањето како активно право на женскоста.

МАРГА АЛФЕИРАО (Лисабон, 1994) ги користи медиумите за да издлаби безбедни простори за истражување на интимноста и сексуалноста преку танц и перформанс. Под длабоко влијание на танцовите жанрови и текстури на звукот од африканската дијаспора, расеани низ лисабонските општествени ткива, активно полага право на женскоста, создавајќи простор за лезбијската сензуалност. Има работено со кореографите Тамара Алегре, Антонија Ливингстоун, архитектката Афаина де Жонг и други. Активна е на португалската „балска“ сцена како основачка на Куќата на музите (Casa das Musas). Во Берлин го создаде Coyote Pretty Ugly, 10-минутен чин со 4 изведувачи како забавна точка во квир вечерите во градот. Додипломските студии ги завршува на Интеруниверзитетскиот центар за танц во Берлин по танц и кореографија (2017 – 2021). Иницијатор е на Танцови во скут на музика од телефони и приспивни песни (Lapdances to Ringtones and Lullabies), истражување за еротиката и одморањето. Во моментов работи на ново дело за баналноста, тагата и настраноста со танчарите Миријам Лукас, Маријана Бененгве и таа самата, диџеите Нидиа и Шака Лајн и писателите Дујгу Агал и Кендис Нембхард, во обид да се изведат симултани танцови во скут. Заедно со соработничката Камила Маленчини, работат на ново дело за хоророт, парализата, женскоста и митот, чија премиера е закажана за 2024 г.

Танчарката, кореографка и дизајнерка МАРИЈАНА БЕНЕНГЕ (Р Конго/Франција) е независна уметница во париската квир заедница. Коосновачка е на П3, ексклузивна ФЛИНТА (Female, Lesbian, Intersex, Trans, Agegender) забава за поттик на БИПОК (Black, Indigenous, People of color), квир лезбијките да стапат во контакт со сопствената сензуалност и да негуваат простори без продорната машка доминација. Како дизајнерка, Маријана го поврзува потеклото од Конго во дијалог со бојата и текстурата, носи дрскост и смелост во облеката, претставувајќи ја сопствената женскост. Образованието по традиционални конгоански танци го започна во Конго, а подоцна, во Париз, го применува уличниот танц Waacking и станува активна членка на уличната

танцова сцена и на „балската“ сцена, каде што се натпреварува, учествува во жири-комисиите и е дел од организацијата. Маријана во моментот работи на втората модна колекција во склоп на нејзиниот бренд Тантин де Пари.

Дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје, кој ќе се одржи од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија. Тематот на фестивалот оваа година е ОСТАНУВАЈЌИ СО НЕЛАГОДНОСТА. Со оваа тема, ги истражуваме потенцијалите и формите на соживот, знаење, светотворење и општествена трансформација, кои може да произлезат од останувањето со нелагодноста, или неволјата, тешкотијата, проблемот, несоодветноста, неприкладноста, неугодноста, непријатноста, чудното, некомфорното – како нешто што го опишува живеењето во кризни времиња, каде се скршени и изгубени нашите хегемониски, традиционални и здраворазумски алатки за навигација на животот и секојдневието.

Фестивалскиот постер, програма и зборник може да ги погледнете на следниот ЛИНК. Цртежот кој го визуализира концептот на фестивалот е дело на македонската уметница Христина Иваноска, и е оригинално изработен за овогодинешното издание.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка. Се реализира во партнерство со Медуза, ТрансФормА, Локомотива и Тииит! Инк., а благодарение на несебичната поддршка на Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Heinrich Böll Stiftung, Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација Отворено Општество Македонија, Friedrich Ebert Stiftung, Француската амбасада во Скопје, Transgender Europe, и International Trans Fund.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни