Кабинетот на израелскиот премиер соопшти денеска дека договорот за ослободување на заложници од Појасот Газа ќе стапи на сила само по официјално одобрување од владата, што се очекува вечерва.
„Спротивно на извештаите во арапските медиуми, одбројувањето од 72 часа ќе започне дури по владината одлука. Одобрувањето се очекува вечерва“, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, утринава изјави дека Израел и палестинскиот движење Хамас постигнале договор за прекин на огнот, кој вклучува и ослободување на заложници во замена за палестински затвореници.
Според договорот, размената треба да се случи во рок од 72 часа од моментот кога договорот ќе стапи на сила.