Римските храмови во Балбек, во источен Либан повеќе од два милениума ги претставуваат квалитетот и убавината на римската архитектура. Пред два дена, паркингот кој се наоѓа во близина на светското наследство на УНЕСКО беше бомбардиран од израелски воздушен напад.
Во нападот во кој беше уништена и повеќевековна отоманска зграда, беше оквалификуван како главен ризик за овие историски локалитети. Археолозите тврдат дека војната меѓу Израел и Хезболах ќе предизвика непоправливи штети на старите со векови локалитети.
„Балбек е главното римско наоѓалиште во Либан. Не може да се замени ако биде бомбардирано“, изјави Греам Филип, професор по археологија на Универзитетот Дурам. „Тоа би било огромна загуба. Тоа би било злосторство“.
Од крајот на септември, Израел изврши илјадници воздушни напади врз Либан поради ескалацијата на војната против Хезболах, група поддржана од Иран која повеќе од една година војува против Израел.