Израелскиот екстремен десничар Бен-Гвир повика на голем напад врз Газа

Објавата на Хамас треба да има еден одговор од вистинскиот живот, масивен напад на Газа, од воздух и од копно, со целосен прекин на хуманитарната помош за Појасот, вклучувајќи струја, гориво и вода


Крајно десничарскиот израелски политичар Итамар Бен-Гвир денес повика на сеопфатен воен напад врз Газа, вклучувајќи воздушни и копнени удари, откако Хамас соопшти дека го одложува ослободувањето на заложниците, планирано за сабота, поради израелското кршење на договорот за прекин на огнот.

„Објавата на Хамас треба да има еден одговор од вистинскиот живот, масивен напад на Газа, од воздух и од копно, со целосен прекин на хуманитарната помош за Појасот, вклучувајќи струја, гориво и вода“, рече поранешниот израелски министер за национална безбедност на социјалната мрежа X.

Бен-Гвир даде оставка од функцијата во владата во јануари, спротивставувајќи се на договорот за прекин на огнот и размена на заробеници во Газа. Од тогаш се залага за она што тој го нарекува „доброволна миграција“ на Палестинците од Газа.

„Мора да се вратиме на војната и уништувањето“, рече тој.

Хамас го обвини Израел дека не дозволува раселените Палестинци да се вратат во своите домови и дека го оневозможува влегувањето на доволна количина хуманитарна помош во Појасот Газа.

Откако Хамас соопшти дека го одложува ослободувањето на заложниците кое беше најавено за сабота, израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди на војската да се подготви на највисоко ниво на подготовност за секое можно сценарио во Газа.

Кац рече дека објавата на Хамас претставува директно кршење на договорот за прекин на огнот кој беше постигнат со посредство на САД, Катар и Египет, и кој е на сила од 19 јануари.

Канцеларијата на израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху соопшти дека Израел останува посветен на договорот за примирје како што е напишано и сериозно го зема секое кршење.

Прекинот на огнот ја запре 15-месечната војна на Израел во која беа убиени повеќе од 48.000 луѓе во Газа и ја остави оваа енклава во урнатини.

Во првиот дел на договорот, кој трае до почетокот на март, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за одреден број палестински затвореници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни