Над 250 загинати во израелски напади врз Либан, погодени над 100 цели за десет минути

Најмалку 254 лица загинаа, а повеќе од 800 се повредени во масовни израелски напади врз Либан, во кои за кратко време биле погодени десетици цели.

Најмалку 254 луѓе загинаа во денешните израелски напади врз Либан, додека повеќе од 800 се ранети, според првичните информации. Израелската војска соопшти дека во рок од десет минути биле погодени над 100 локации поврзани со Хезболах.

Во главниот град Бејрут, повеќе згради беа уништени, а густ чад се издигнуваше над градот. Според израелското Министерство за одбрана, станува збор за координиран напад насочен кон позиции на Хезболах.

Нападите следуваат во контекст на зголемени регионални тензии, откако Израел посочи дека Либан не е дел од договореното примирје меѓу САД и Иран.

По бомбардирањата, улиците на Бејрут беа исполнети со уништени возила и урнатини, додека болниците упатија апели за итно донирање крв поради големиот број повредени.

Иранските медиуми предупредија дека Техеран може да се повлече од примирјето доколку продолжат нападите врз Либан.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека конфликтите во Иран и Либан се одвоени, но нагласи дека целта е да се елиминираат заканите за северот на Израел. Тој упати и директна закана кон раководството на Хезболах.

Во меѓувреме, израелската војска најави проширување на нападите кон поширокото подрачје на Бејрут, што укажува на можност за понатамошна ескалација на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни