Израелската војска започнува голема операција на северот на Западниот Брег

Израелската војска започна операции од големи размери против палестински вооружени групи на северот на Западниот Брег. Војската најавува дека нема да дозволи тероризам да се вкорени, додека насилството во регионот продолжува и по примирјето во Појасот Газа.

Израелската војска денес соопшти дека започнува „операции од големи размери“ против палестинските вооружени групи на северот на окупираниот Западен Брег.

„Војската синоќа започна со активности во рамките на операција против тероризам од големи размери во северниот регион на Самарија“, се наведува во соопштението, користејќи го библискиот назив за северниот дел на Западниот Брег.

Израелската војска нагласува дека ова не е дел од претходната „операција против тероризам“ започната во јануари 2025 година, насочена кон палестинските бегалски кампови во регионот, туку станува збор за „нова операција“.

„Нашите сили нема да дозволат тероризмот да се вкорени таму“, додаде војската.

Насилството на Западниот Брег не престанува откако стапи на сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни