Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од американскиот план на Доналд Трамп за Газа — спогодба за прекин на огнот и ослободување на заложници, која би можела да го отвори патот за завршување на двегодишната крвава војна на Блискиот Исток.
Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас, што го предизвика разорниот израелски напад на Газа, посредни разговори во Египет доведоа до договор за почетната фаза на Трамповиот 20-точковен мировен план.
Клучни факти: Израелската армија почна со повлекување од Газа. Израел го одобри договорот за прекин на огнот и ослободување на заложници, како што потврди кабинетот на премиерот Нетанјаху кој го нарече прекинот на огнот „историски момент“ и се заблагодари на Трамп. Во меѓувреме САД ќе испратат 200 војници за надзор на прекинот на огнот. Трамп соопшти дека израелските заложници може да бидат ослободени во понеделник или вторник. Израел ќе прво ослободи стотици палестински затвореници, ќе почне да се повлекува од делови од Газа и ќе овозоможи дневен влез на стотици камиони со хуманитарна помош