Израелската војска соопшти дека убила двајца тинејџери кои фрлале молотови коктели на Западниот Брег

Армијата објави и видео снимка на која се гледаат две лица како фрлаат запален предмет преку ѕид, кој го дели Џудеира од патот што вообичаено го користат Израелци.

 Израелските вооружени сили денеска објавија дека синоќа убиле двајца тинејџери, за кои тврдат дека фрлале молотови коктели во селото Џудеира, на окупираниот Западен Брег на реката Јордан.

Палестинското Министерство за здравство ги идентификуваше убиените како Мохамед Атим и Мохамед Касим, и двајцата на 16-годишна возраст, додавајќи дека израелската армија ги зела нивните посмртни останки.

„Во четвртокот навечер, двајца терористи беа идентификувани во моментот кога запалуваа и фрлаа молотови коктели кон главниот цивилен пат во Џудеира, северно од Ерусалим“, соопштија, од своја страна, израелските вооружени сили.

Армијата објави и видео снимка на која се гледаат две лица како фрлаат запален предмет преку ѕид, кој го дели Џудеира од патот што вообичаено го користат Израелци. Иако Џудеира се наоѓа на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел од 1967 година, селото е опколено со територии каде де факто се населени еврејски доселеници.

Ова се случува откако во средата израелската армија уби уште еден млад маж, кого го опиша како „терорист“, објаснувајќи дека тој фрлил експлозивна направа кон војниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни