Израелската војска објави почеток на „обновено спроведување“ на примирјето по денешните напади врз Газа

Израелската војска најави дека продолжува да го почитува примирјето, но решително ќе одговори на секое кршење. По новите удари врз Газа, започна обновено спроведување на договорот за прекин на огнот.

Израелската војска (IDF) соопшти дека, по директива од политичкиот врв и по низа значајни удари како одговор на кршења на примирјето од страна на Хамас, започнала „обновено спроведување на примирјето“ во согласност со условите на договорот.

IDF ќе продолжи да се придржува до договорот за примирје и решително ќе одговори на секое негово кршење – се наведува во најновото соопштение на Израелската војска.

Подсетуваме, IDF порано денеска започна нов бран воздушни напади врз цели на палестинското милитантно движење Хамас во јужниот дел на Појасот Газа, како одговор на напад врз израелските трупи кај Рафах.

IDF на својот официјален профил на социјалната мрежа X објави снимка од ударите во областа Беит Лахија.

Неколку вооружени терористи биле забележани како се приближуваат кон силите на IDF кои делувале во областа Беит Лахија, зад жолтата линија, претставувајќи непосредна закана за војниците. Во согласност со договорот за прекин на огнот, терористите биле погодени откако ја поминале жолтата линија – се наведува во описот на видеото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни