Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска од воздух врз градот газа фрлија десетици бели хартиени летоци, јави Би-Би-Си.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги наведе летоците како доказ против обвинувањата дека Израел намерно ги таргетира цивилите во Појасот Газа.
Обраќајќи се пред Обединетите нации минатата недела, тој изјави дека Израел фрлил „милиони летоци и испратил милиони текстуални пораки“ за да ги убеди луѓето во градот Газа да се евакуираат.
Нема прекин во проширената израелска копнена офанзива против Хамас, која сега главно е насочена кон градот Газа. Израел тврди дека градот претставува последното упориште на вооружената група.