Израелската влада одобри 19 нови еврејски населби во Газа

Израелската влада денеска го одобри предлогот за 19 нови населби на окупираната Западна Обала, изјави министерот за финансии Безалел Смотриќ.

Меѓу новите населби се и две кои беа евакуирани за време на планот за повлекување од 2005 година, рече министерот кој е член на крајната десница.

Со ова, вкупниот број на нови населби во последните две години се зголемува на 69, напиша Смотриќ на социјалната мрежа Икс (X).

Со оваа одлука, бројот на населби на Западната Обала се зголемува за речиси 50 отсто за време на мандатот на сегашната влада – од 141 во 2022 година на 210, според податоците на групата за заштита од населби Peace Now.

Населбите се сметаат за незаконски според меѓународното право.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни