Израелската Влада го одложи гласањето за прекин на огнот, повеќе од 80 загинати во Газа

Портпаролот на израелската Влада денеска изјави дека владата нема да се состане додека палестинското движење Хамас не ги прифати условите од договорот за прекин на огнот.

Дејвид Менсер го повтори ставот на израелската влада дека Хамас го прекршува договорот, што, како што нагласи, создадена е „криза во последен момент“.

– Израелската Влада нема да се состане додека преговарачите не ја известат дека Хамас ги прифатил сите елементи од договорот кои претходно беа договорени, нагласи Менсер.

Повеќе од 80 луѓе се убиени во изминатите 24 часа во израелските напади врз Газа по објавувањето на договорот за прекин на огнот, објави Цивилната одбрана управувана од Хамас.

Според најавите, договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел треба да стапи на сила в недела на 19 јануари. Сепак, тоа треба да биде одобрено од израелската влада.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни