Таа беше дел од групата четири заложнички кои Хамас ги ослободи вчера.
Леви била киднапирана на 7 октомври 2023 година при упадот на припадниците на Хамас во Израел.
They’re in our hands now and we are not letting go💛
— Israel Defense Forces (@IDF) January 25, 2025
Welcome home, Daniella, Liri, Karina and Naama. pic.twitter.com/A1V9FcbQY6
„Возбудена сум. Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, изјави роднина на ослободена заложничка.
Наама Леви, како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви на табла, на англиски и на хебрејски јазик напиша: „Конечно дома“.
Македонската врска на Леви е преку нејзината чукун баба, Грасиа Бивас која била родена во Македонија во 1893 година. Бабата, како девојче заминала во Израел каде што основала семејство.
Претставници од еврејската заедница од Северна Македонија, како и претставници од роднините на Леви, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување базирано на нејзиното македонско потекло.