Израел во Газа врати 54 тела и 66 кутии со посмртни останки

Израел преку Црвениот крст во Газа врати 54 тела и 66 кутии со посмртни останки, додека продолжуваат обвинувањата за прекршување на прекинот на огнот.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки посмртни останки се префрлени во Појасот Газа, откако биле предадени од Израел, а транспортот бил реализиран со посредство на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Според соопштението, телата и останките пристигнале во Медицинскиот комплекс „Ал-Шифа“, каде што медицински тимови веднаш започнале со форензичка обработка, согласно утврдените медицински и правни протоколи.

Надлежните информираат дека процесот на преглед и документација сè уште е во тек, во координација со релевантните институции и специјализирани комисии, по што на семејствата ќе им биде овозможено да извршат идентификација на телата.

Продолжени прекршувања на прекинот на огнот

Во меѓувреме, според палестински извори, израелската армија продолжува да го крши фазниот договор за прекин на огнот, кој стапи на сила на 10 октомври, и покрај најавата на САД во јануари дека започнала втората фаза од договорот.

Втората фаза предвидува дополнително повлекување на израелските сили од Газа и започнување активности за обнова на разурнатата територија, за кои Обединетите нации проценуваат дека ќе чинат околу 70 милијарди долари.

Прекинот на огнот стави крај на израелската офанзива која започна во октомври 2023 година и траеше речиси две години. Според податоците на палестинските власти, во конфликтот биле убиени околу 72.000 Палестинци, над 171.000 биле ранети, а околу 90 проценти од инфраструктурата во Газа е уништена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни