Израел тврди дека погодил нуклеарен објкет во близина на Техеран

ИДФ денескасоопшти дека цел на нападот била локација за која тврди дека е клучна за плановите на Техеран за развој на нуклеарно оружје
Foto: Profimedia

Израелската војска соопшти дека цел на нападот била локација за која тврди дека е клучна за плановите на Техеран за развој на нуклеарно оружје.

Во објавата на „Икс“ се вели дека израелски воени авиони го нападнале местото Талеган, објект во воениот комплекс Парчин, на околу 30 километри југоисточно од Техеран, за кој се вели дека Иран го користи „за унапредување на критичните капацитети во развојот на нуклеарно оружје“.

Комплексот Талеган претходно беше цел на израелски напади во октомври 2024 година, кога Израел одговори на ирански ракетен напад претходно истиот месец.

Според израелската војска, Иран во последните години развива напредни експлозиви на локацијата и спроведува чувствителни експерименти како дел од проектот АМАД, за кој Израел тврди дека е тајна иранска програма за развој на нуклеарно оружје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни