Израел: Турските војници нема да бидат дел од мировните сили во Газа

Израелската влада ја отфрли можноста турски војници да учествуваат во привремените меѓународни сили за стабилизација во појасот Газа.

Израелската владa денеска соопшти дека турски војници нема да бидат дел од меѓународните сили кои би требало да ја преземат контролата над Газа од израелската војска.

„На терен нема да има турски војници“, изјави Шош Бедросиан, портпаролка на израелската влада, одговарајќи на прашање за можното турско воено присуство.

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на двегодишниот конфликт во палестинската енклава предвидува воспоставување привремени меѓународни сили за стабилизација, кои ќе бидат одговорни за безбедноста во појасот Газа.

Силите сè уште не се формирани, а многу држави бараат нивно одобрување преку мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации.

На прашањето за израелските забелешки во врска со турското учество во Газа, американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, на безбедносна конференција во Манама изјави дека Турција ќе биде дел од меѓународните сили.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс минатиот месец истакна дека Анкара ќе има „конструктивна улога“, но и дека Вашингтон нема да наметнува какви било решенија Израел во врска со странските сили „на неговата територија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни