Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска порача дека Израел ќе ги интензивира воздушните напади врз Хезболах во јужен Либан, доколку либанската влада не преземе мерки за разоружување на таа проиранска организација.
„Обврската на либанската влада да го разоружа Хезболах и да го протера од јужен Либан мора целосно да се почитува,“ се наведува во соопштението на Каца.
Тој ја обвини групата дека „се игра со оган“ и го критикуваше либанскиот претседател за одолговлекување на реакцијата, предупредувајќи дека Израел нема да толерира никакви закани врз жителите на северниот дел на земјата.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека четири лица загинале во вчерашен израелски воздушен напад врз јужен Либан.
Извор: N1info.rs