Во нападот на Иран организиран од САД и Израел беше погодена и болница во Техеран. Засега нема информации за бројот на жртви.
Американскиот претседател Доналд Трамп повика Иранците да не возвраќаат на нападите и се закани дека во спротивно ќе го жалат тоа. Меѓутоа, Иранската револуционерна гарда (IRGC) ветила дека ќе го одмазди убиството на врховниот лидер.
Затоа, вториот ден од конфликтот може да одреди понатамошен тек на настаните. Ако Иран навистина тргне по патот на одмаздата, ќе дојде до ескалација; ако се воздржи, може да се очекуваат наскоро решенија „на маса“, пренесува Sky News.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
Тројца американски војници загинаа во Кувајт: NBC
Американската телевизиска куќа NBC во меѓувреме известува дека тројца американски војници кои досега загинале во воената кампања на администрацијата на Доналд Трамп против Иран биле стационирани во Кувајт.
Кувајт е една од низа заливски земји кои сместуваат американски воени бази и кои се нашле на мета на ирански проектили откако САД и Израел започнаа бомбардирање на Иран во саботата.