Израел протера уште 171 член на меѓународната хуманитарна флотила во Газа, кои се од голем број земји,. Меѓу протераните е и шведската активистка Грета Тунберг.
„Дополнителни 171 провокатори од флотилата, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, беа протерани денеска од Израел во Грција и Словачка“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на „Х“.

Одделот дистрибуираше фотографии од Тунберг и уште две жени на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, облечени во сива облека што се користи во израелските затвори.
Меѓу протераните денеска се државјани на Грција, Италија, Франција, Бугарија, Ирска, Шведска, Полска, Германија, Литванија, Австрија, Луксембург, Финска, Данска, Словачка, Швајцарија, Норвешка, Велика Британија, Србија и САД, додаде Министерството.
Десетици членови на флотилата веќе беа протерани во текот на викендот.