Израел продолжува со смртоносни напади врз Газа, судирите со Хамас се интензивираат

Израелските медиуми јавуваат дека израелската војска изведува напади во Рафа и други делови на јужна Газа.

Според извештајот на телевизијата Channel 12, во тек бил телефонски разговор за ситуацијата меѓу премиерот Нетанјаху, министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, и припадници на војската.

Јавниот израелски емитер соопшти дека нападот уследил по „размена на оган“ со припадници на Хамас.

Форензичките тимови се обидуваат да ги идентификуваат телата на Палестинците. Палестинците очекуваат нова тура на предавање на телата на луѓето што починале во израелските затвори.

Во последните три дена, Црвениот крст бил одговорен за преземање на телата и на Палестинците и на израелските затвореници.

Според податоците од Министерството за здравство на Газа, форензичките тимови се борат да ги идентификуваат останките поради сериозен недостаток на медицинска опрема и непостоење на лаборатории потребни за ДНК тестирање.

Ова значително го отежнува известувањето на семејствата.

Министерството за здравство досега соопштило дека од телата што Израел неодамна ги вратил во Газа, само седум лица се идентификувани.

Цените на основните продукти се уште високи

Владата на Газа интервенира за да ги регулира провизиите за подигање готовина, што им овозможува одредено олеснување на купувачите во Појасот на Газа. Сепак, за многу граѓани трошокот за основните продукти останува висок.

Ибрахим ал-Халили од Ал Џазира известува од Деир ел-Балаха дека пазарите во Газа полека се враќаат во живот.

„На централниот пазар во Деир ел-Балах, луѓето се враќаат, тезгите се полни со стока – но се уште е проблем да се дојде до пари за да се плати за тие производи“, рече тој.

Амна Алдахдоух за Ал Џазира кажала дека Палестинците „повторно можат да видат различни видови храна за купување, но провизијата сè уште е висока. Точно е дека паднала од 45% на 20%, но тоа сè уште го прави многу производи недостапни за голем број луѓе“.

По месеци во кои немале што да продаваат, продавачите на пазарите со олеснување почнале со тргување, но животот е далеку од нормален.

„Би сакале светот да го притисне Израел да овозможи прилив на готовина во Газа – тоа е вистинскиот начин за решавање на проблемот“, изјави трговецот Моса Афана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни