Израел повторно го прекрши примирјето – извршени воздушни удари врз цивилни цели во Појасот Газа

И покрај формалното примирје што трае од 11 октомври, израелската војска изврши нови воздушни напади врз делови од Газа. Палестинците тврдат дека целите биле цивилни, додека Израел наведува дека таргетирал милитантни групи.

И покрај примирјето што официјално е на сила од 11 октомври, израелската војска продолжува со воени операции во Појасот Газа, пренесува Al Jazeera Arabic.

Според извештаите, израелски авиони извршиле три воздушни напади врз објекти во источниот дел на Кан Јунис, додека дронови нападнале области во близина на кампови за раселени лица кај раскрсницата Шуџаија во градот Газа.

Израелските власти тврдат дека целите биле милитантни групи кои наводно планирале нови вооружени акции, но палестинската страна инсистира дека се погодени цивилни објекти и дека меѓу жртвите има цивили.

Реакција на Хамас и нови тензии

Движењето Хамас остро реагираше на нападите, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „свесно го саботира мировниот процес“ кој го иницираа Соединетите Американски Држави.

„Станува збор за очигледно кршење на договорот за прекин на огнот и доказ дека израелската влада нема намера да го почитува постигнатиот мировен договор,“ соопшти портпаролот на Хамас.

Напади и на Западниот Брег

Покрај нападите во Газа, израелските сили спроведоа рации и на окупираниот Западен Брег. Според палестинската агенција Wafa, во текот на акцијата во градот ел-Бире се уапсени четири лица, а израелски војници физички го нападнале синот на еден од приведените мажи.

Мировниот процес под прашање

Иако меѓународната заедница го поздрави постигнувањето на примирјето, состојбата на теренот покажува дека мирот во Газа сè уште е далеку од реалноста.

Продолжените напади, политичките тензии и недостигот од доверба меѓу двете страни ја ставаат под знак прашалник можноста за долгорочно решение и стабилен мир во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни