Израел ослободи 183 палестински затвореници

Некои од овие лица се пренесени од затворот Офер на Западниот Брег, додека други се испратени од затворот Кеци во Појасот Газа.

Израелската затворска служба соопшти дека е завршено пуштањето на 183 палестински затвореници, како што објави Тајмс оф Израел. Некои од овие лица се пренесени од затворот Офер на Западниот Брег, додека други се испратени од затворот Кеци во Појасот Газа.

Покрај тоа, Хамас ги предаде трите израелски заробеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. По неколкумесечната блокада, повторно беше отворен граничниот премин Рафа, што им овозможи на палестинските пациенти од Газа да преминат во Египет за медицинско лечење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни