Израел категорички ја одбива резолуција на ОН за решението со две држави

Израел категорички ја одбива одлуката на Генералното собрание на ООН“ која е „срамна“,

Израел денеска ја критикува како „срамна“ резолуцијата што ја усвои Генералното собрание на ООН со цел да даде нов поттик на решението за израелско-палестинскиот конфликт преку две држави, сметајќи ја дека ги охрабрува Хамас да „продолжи со војна“.

„Израел категорички ја одбива одлуката на Генералното собрание на ООН“ која е „срамна“, објави на X (поранешен Твитер) портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, обвинувајќи ја оваа институција дека е „политички циркус кој нема врска со реалноста“.

„Во десетици членови на усвоената декларација воопшто не се споменува едноставната фактичка состојба дека Хамас е единствен одговорен за продолжувањето на војната преку одбивањето да ги ослободи заложниците и да го положи оружјето“, додаде тој. Исто така оцени дека „резолуцијата не го фаворизира мирното решение, туку напротив, ги охрабрува Хамас да продолжи со војната“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни