Израел изврши 140 напади во Појасот Газа – десетици загинати

Израелските сили денеска извршија 140 воздушни напади врз цели во Газа. Според палестинските извори, загинале најмалку 41 лице, а офанзивата се проширува.

Десетици Палестинци ги загубија животите во најновите израелски воздушни напади врз Појасот Газа, објави палестинската новинска агенција WAFA.

Според извештаите, од утрово до попладневните часови, телата на 41 загинат биле донесени во различни болници низ енклавата.

Израелската армија соопшти дека продолжува со операции против, како што ги нарече, терористички организации во Газа, при што офанзивата во градот Газа е дополнително проширена.

Напади врз воени цели и предупредувања до цивили

Во соопштението, израелската војска наведе дека нивни сили идентификувале пет вооружени лица кои испукале противтенковска ракета кон зграда каде што биле стационирани израелски војници. За среќа, нема повредени во нападот.

Одбранбените сили на Израел велат дека воздушните сили ги елиминирале напаѓачите и дека во последните 24 часа биле нападнати околу 140 воени цели во енклавата.

Портпарол на армијата повика цивилите во повеќе квартови на градот Газа веднаш да се евакуираат и ги советуваше да се преместат во хуманитарната зона ал-Маваси, лоцирана на југозападниот дел од Појасот Газа.

Дополнително, армијата соопшти дека е нападната уште една висока зграда во градот Газа, за која тврдат дека содржела инфраструктура на Хамас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни