Израел изведе прецизен напад во Бејрут – Мета: Вториот човек на Хезболах

Израел изведе прецизен воздушен напад во Бејрут, таргетирајќи висок командант на Хезболах. Ударот ја погоди станбена зграда во Харет Хреик, со непознат број жртви. Нетанјаху тврди дека целта бил „шефот на штаб“ на организацијата.

Израелските авиони без предупредување го гаѓаа Харет Хреик, со засега непознат број жртви. Тел Авив тврди дека нападот бил насочен кон висок функционер на Хезболах.

Нападот го погоди станбениот објект во Харет Хреик, јужно предградие на Бејрут и централно упориште на Хезболах. Бројот на жртви сè уште не е познат, а Хезболах засега не се огласи. Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху потврди дека мета бил „шефот на штаб“ на Хезболах, личност која според IDF го надгледувала обновувањето, логистиката и повторното вооружување на организацијата.

Израелските воени авиони изведоа силен и прецизен удар врз јужните предградија на Бејрут, гаѓајќи ја главната улица во Харет Хреик. Според израелските извори, во зградата се наоѓал еден од највисоките оперативци на Хезболах.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека операцијата е изведена со негово лично одобрување и дека израелската армија „делувала во самото срце на Бејрут“.

IDF објави дека метата била „висок оперативец“ и дека нападот бил изведен прецизно, без претходно предупредување. Израелскиот Канал 14 наведе дека цел на атентатот бил Абу Али Табатабаи, кого безбедносните служби на Израел го сметаат за „вториот човек“ на Хезболах. Канал 12 сугерира дека операцијата можеби била координирана со САД, иако американските извори даваат различни информации.

На терен, ударот предизвика голема материјална штета на возила и околните објекти. Според наводите, кон зградата биле испалени два проектила. Итните служби пристигнале брзо и превезувале повредени, а точниот број на жртви допрва се утврдува.

Хезболах сè уште не потврди ниту демантираше дали висок функционер е убиен во нападот, што е вообичаено додека организацијата ја проценува состојбата и подготвува одговор. Ваквата тишина често укажува на внатрешни консултации и анализа на последиците пред официјално обраќање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни