Израел изведе големи напади врз Техеран и Бејрут, Револуционерната гарда и Хезболах возвратија

Израелската војска изврши напади од голем обем врз Техеран и јужните предградија на Бејрут. Иранската револуционерна гарда и Хезболах соопштија дека заеднички извршиле воздушни напади врз Израел.
Profimedia/IBRAHIM AMRO / AFP

Израелската војска соопшти дека започнала напади од „голем обем“ врз Техеран и врз јужните предградија на Бејрут, додека Иранската револуционерна гарда и Хезболах објавија дека заеднички извеле воздушни напади врз Израел.

„Израелската војска започна бран големи напади во Техеран“, соопшти војската преку Телеграм.

Претходно, портпаролот на израелската војска, полковник Авихај Адраи, изјави дека Израел „наскоро ќе дејствува со значителна сила“ против либанското движење Хезболах, кое има поддршка од Иран.

Во израелските напади врз источен Либан во средата загинале осум лица, а три лица биле повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.

Нападите следуваат по уште еден ден гранатирање од страна на израелската војска, која тврди дека цел на операциите е проиранското движење Хезболах.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни