Израел го нападна пристаништето Ходеида во Јемен

Израелските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, таргетирајќи цели поврзани со Хутиите. Нападот следи по ракетни и дронски напади врз Израел.

Израелската војска напаѓа цели во јеменската лука Ходеида, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Исраел Кац во официјално соопштение. Откако во октомври 2023 започна израелската војна во Газа против палестинската милитантна група Хамас, Хутиите, сојузници на Иран, започнаа напади врз бродови во Црвеното Море, како што велат, во знак на солидарност со Палестинците.

Според агенцијата Reuters, израелските воздухопловни сили ноќеска извршиле нови воздушни напади врз подрачјето на пристаништето Ходеида. Израел тврди дека нападите се одговор на постојаните ракетни и дронски напади што Хутиите ги изведуваат врз Израел изминативе недели.

Погодени цели: Воени цели на „терористичкиот режим на Хутиите“ во пристаништето Ходеида, градежна механизација, резервоари за гориво, поморски пловила и оружје шверцувано од Иран

Израелските одбранбени сили (IDF): „Ќе продолжиме да делуваме решително против заканите — во кое било време, на кое било место.“

Министерот за одбрана Исраел Кац изјави дека израелските вооружени сили напаѓаат терористички цели на Хутиите во пристаништето Ходеида, и дека енергично спречуваат секој обид за обнова на претходно уништената терористичка инфраструктура.

Јемен ќе ја доживее истата судбина како и Техеран,“ рече Кац. „Хутиите скапо ќе платат за истреланите проектили кон Државата Израел. Ќе продолжиме да делуваме во секое време и на секое место за да го заштитиме Израел,“ додаде тој.

Според официјалното соопштение, мети на нападот биле градежни машини кои работеле на обнова на пристанишната инфраструктура, резервоари за гориво, како и пловила користени за воени цели и напади врз Израел и бродови во водите околу пристаништето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни