Според организацијата, шесткатницата во централното подрачје Самер била целосно разурната. Центарот бил еден од главните во градот, обезбедувајќи услуги за дарување и тестирање на крв, трауматска нега, лекови за рак и третман на хронични болести.
Палестинската организација исто така информира дека уште еден од нивните центри бил оштетен и опкружен со израелски трупи, додека трет центар бил уништен во друг напад.
Израел, од своја страна, обвинува дека Хамас користи медицински објекти за воени цели, што според меѓународното право може да ги укине нивните заштитени статуси, но често не обезбедува докази за значително воено присуство.
Во меѓувреме, повеќе болници во Газа Сити се принудени да затворат поради продолжувањето на израелската офанзива. Министерството за здравство на Газа соопшти дека Детската болница Ал-Рантиси и Специјализираната офталмолошка болница биле затворени поради близината на израелските воени операции.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, која соработува со организацијата, го осуди нападот. „Нападите врз здравствени објекти мора да престанат. Бесмисленото насилство мора да се запре. Престанок на огнот!“ напиша Тедрос Гебрејесус.
Неколку западни земји, вклучувајќи ја Канада, Франција и Германија, повикаа Израел да овозможи медицински коридор за Палестинците во Газа за да можат да се лекуваат во источен Ерусалим и на Западниот Брег, како и да ги укине ограничувањата за медицински материјали кои влегуваат во појасот Газа.
Израел започна нова голема воена офанзива на почетокот на овој месец со цел да го заземе Газа Сити и да го притисне Хамас да се предаде и да ги врати останатите 48 заложници, земени за време на инвазијата на јужен Израел на 7 октомври 2023 година. Израел проценува дека околу 20 заложници се сеуште живи.
Меѓународните организации предупредуваат дека блокадата и тековните напади на Израел веќе го довеле Газа Сити до состојба на глад.
Извор: Euronews