Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека „соопштението за составот на Извршниот одбор за Газа, кој е подреден на Одрборот за мир, не е координирано со Израел и е спротивно на неговата политика“.
Овој чекор претставува ретко јавно несогласување меѓу Израел и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Times of Israel.
Причини за незадоволството
Белата куќа именувала и Одрбор за мир и Извршен одбор за Газа, кој вклучува личности како турскиот министер за надворешни работи. Ова, според медиумите, е еден од главните причини за незадоволството во кабинетот на Нетанјаху.
Во соопштението се наведува дека премиерот го задолжил министерот за надворешни работи Гидеон Сара да го покрене ова прашање со својот американски колега Марк Рубиo.
До сега, Сара не учествувал директно во израелско-американските односи, кои се одвивале преку канцеларијата на Нетанјаху и неговите главни советници.
Состав и задачи на Извршниот одбор
Извршниот одбор за Газа има 11 членови и задачата да ја поддржува канцеларијата на високиот претставник на ООН за Газа, Николaj Младенов, како и палестинското технократско тело.
Меѓу членовите на одборот се: Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, Специјалната координаторка на ООН за блискоисточниот мировен процес, Сигрид Каг, Министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Рим ал Хашими и Израелско-кипарскиот милијардер, Јакир Габај
Според медиумите, назначувањето на овие личности е дел од причините за несогласувањата меѓу Израел и САД.
