Израел ги уапси активистите кои се упатија да достават помош во Појасот Газа, меѓу нив и Грета Тунберг

Според организацијата, 12 пропалестински активисти пловеле кон Газа, и тие тврдат дека контактот со пловилото бил изгубен во моментот кога израелската војска се качила на бродот.
epa12149131 Madleen, the sailing ship of the NGO Freedom Flotilla, moored before departing from the port of San Giovanni Li Cuti headed to Gaza, in Catania, Italy, 01 June 2025. EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Израелските сили уапсија група активисти од едрилицата “Мадлин”, кои се упатија кон Појасот Газа со хуманитарна помош, меѓу кои се наоѓа и познатата шведска еко-активистка Грета Тунберг, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Според соопштението, активистите ќе бидат депортирани, а хуманитарната помош што ја превезувале ќе биде испратена во Газа преку официјални канали. Израел објави и снимка на која се гледаат активистите „безбедни и неповредени“, додека израелската морнарица ги придружува до луката Ашдод.

Што се случи?

Едрилицата “Мадлин” беше дел од мисија организирана од Коалицијата на слободната флотија (Freedom Flotilla Coalition), која изјави дека целта е „да се подигне свеста и да се испорача хуманитарна помош на Газа, која долго време е под израелска блокада“.

Според организацијата, 12 пропалестински активисти пловеле кон Газа, и тие тврдат дека контактот со пловилото бил изгубен во моментот кога израелската војска се качила на бродот.

На платформата Телеграм, коалицијата објавува унапред снимен видеоматеријал од активистите, кои во пораките апелираат за поддршка од своите матични земји. На една од фотографиите објавени од групата, патниците се гледаат со подигнати раце и облечени спасувачки елеци, но без присуство на војници на снимката.

Оваа акција доаѓа по неколку дена напнатост, откако израелските власти порачаа дека нема да дозволат бродот да пристигне до Газа. И покрај најавите за мирна мисија, Израел смета дека ваквите обиди се закана за безбедноста и директно кршење на блокадата.

Потегот на Израел предизвика различни реакции. Поддржувачи на палестинската кауза го осудија уапсот на активистите, додека израелските власти истакнуваат дека сите се третирани во согласност со безбедносните протоколи и без употреба на сила.

Грета Тунберг, која последниве години ја прошири својата активистичка платформа и на теми поврзани со човекови права и Блискиот Исток, сè уште нема издадено официјална изјава по нејзиното приведување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни