Израел ги протерува „Лекарите без граници“ од Газа

Израел нареди „Лекари без граници“ да ги прекинат активностите и да ја напуштат Газа до 28 февруари, поради одбивање да достават список на палестински вработени.

Израел денеска одлучи дека хуманитарната организација „Лекари без граници“ (MSF) мора да ги прекине своите активности и да го напушти Појасот Газа најдоцна до 28 февруари, откако организацијата одбила да достави список со имиња на своите палестински вработени.

Израелското Министерство за дијаспора, кое е надлежно за регистрација на хуманитарни организации, соопшти дека ќе ги „прекине активностите“ на MSF на палестинската територија, бидејќи не ја исполнила обврската да достави список на вработени – правило кое, како што наведуваат, важи за сите хуманитарни организации што дејствуваат во регионот.

Од 1 март забрана за работа на 37 организации

Министерството уште во декември 2025 година најави дека од 1 март оваа година ќе биде забрането дејствувањето на 37 хуманитарни организации во Газа, меѓу кои и MSF, поради недоставување детални информации за нивниот палестински персонал.

Израелските власти тврдат дека двајца вработени на „Лекари без граници“ имаат врски со Хамас и со Исламски џихад, што организацијата категорично го негира.

Министерството дополнително соопшти дека MSF на почетокот на јануари се обврзал да го достави списокот, но „и покрај јавната обврска, организацијата се воздржала од тоа“. Според соопштението, MSF подоцна изјавил дека нема намера да учествува во процесот на регистрација, што, како што велат властите, е спротивно на нивните претходни изјави.

MSF: Поделивме делумен список, но без безбедносни гаранции

Во соопштение објавено во петокот, „Лекари без граници“ наведоа дека во јануари, како „вонредна мерка“, прифатиле да достават делумен список со имиња на палестински и меѓународни членови на персоналот, под услов да добијат јасни гаранции за нивната безбедност.

„И покрај нашите повторени напори, во последните денови стана јасно дека не е можно да се воспостави дијалог со израелските власти за добивање на потребните гаранции“, соопшти организацијата, додавајќи дека поради тоа одлучиле да не достават целосен список на персоналот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни