Израел ги нападна Хутите во Јемен

Медиумите под контрола на Хутите известија за серија израелски напади врз пристаништето Ходеида и други области што ги контролираат побунениците поддржани од Иран.

Израелската војска објави дека утрово извршила напади врз цели на Хутите во јеменските пристаништа Ходеида, Рас Иса и Салиф, како и врз електраната Рас Кантиб, како одговор на повторените напади на оваа група поврзана со Иран врз Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави доцна во неделата дека Израел ќе ги нападне тие области поради воени активности што се одвиваат таму. Во соопштението се наведува дека нападите биле извршени од страна на израелските воздушни и поморски сили, насочени кон споменатите пристаништа и електраната, како одмазда за нападите врз Израел.

Медиумите под контрола на Хутите известија за серија израелски напади врз пристаништето Ходеида и други области што ги контролираат побунениците поддржани од Иран.

Израелската војска тврди дека Хутите ги користат споменатите пристаништа за транспорт на оружје од иранскиот режим, кое потоа се користи за терористички операции против Израел и неговите сојузници.

Во пристаништето Рас Иса, Израел наведе дека ја нападнал бродот Galaxy Leader, кој Хутите го заробиле во ноември 2023 година. Според Израел, побунениците инсталирале радарски систем на бродот за следење на движење на пловни објекти во морето.

Хутите ја презедоа одговорноста

Од крајот на 2023 година, јеменските побуненици нападнаа десетици бродови за кои сметале дека се поврзани со Израел, покрај брегот на Јемен. Подоцна ги нападнаа и американските бродови, сè додека на почетокот од мај не постигнаа договор за прекин на огнот со Вашингтон, со цел да се стави крај на неколкунеделното бомбардирање од страна на САД.

Сепак, Хутите ветија дека ќе продолжат да ги напаѓаат израелските бродови што пловат низ Црвеното Море, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни