За изборот на Радмила Шеќеринска за нова заменик-генерална секретарка на НАТО честитки пристигнаа од сите сојузници. И честиташе и бугарскиот претседател Румен Радев но, изостанаа честитките од македонскиот државен врв.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски ниту на фб не и упати честитки на Радмила Шеќеринска, за новата функција заменик генерална секретарка на НАТО. Во последната објава на неговиот фб статус пишува за „Историски момент“, за „процентуалното зголемување на паричната маса за исплаќање на платите на здравствените работници“.
На адресата на новата заменичка на ген-секот на Алијансата, честитки не пристигнаа ниту од министрите за одбрана, за надворешни работи, ниту пак од останатите 20 тина други.
Ниту претседателката на државата Гордна Сиљановска Давкова не и честиташе на Шеќеринска иако таа ја има највисоката позиција на која е назначен некогаш некој македонски функционер во историјата на државата. На фб профилот пак, во последна објава на шефицата на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, пишува „Особено ми е драго што бев опкружена со голем број на млади на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите“…
На фб профилот пак, Шеќеринска прими честитки од голем број на граѓани и нејзини сопартијци.
Честитка дојде и од американската амбасадорка Ангела Агелер, која на социјалните мрежи ги прозва Владата и Мицкоски за поддршката на нејзината кандидатура. Агелер исткна дека назначувањето на Шеќеринска на оваа позиција е вистински доказ за нејзината експертиза и искуство.
Шеќеринска на социјалните мрежи порача дека ќе ѝ биде чест да служи како заменик-генерална секретарка на НАТО и дека ќе работи со сите сојузници за посилна и побезбедна Алијанса.
Ова е највисока позиција на која е назначен македонски функционер во историјата на државата, но очигледно тоа е недоволно за претседателката, премиерот и министрите за одбрана и надворешни работи.