Кој и да одлучи да излезе, ќе мора да плати: Во Грција, на сила е нов данок за туристите

Од 21 јули, сите патници на крузери кои ќе се симнат од бродот и ќе ги посетат грчките пристаништа за време на патувањето ќе мора да платат нов туристички данок.

Износот зависи од дестинацијата и сезоната – на Санторини и Миконос во шпицот на сезоната таксата е 20 евра, додека во другите пристаништа е 5 евра, а вон сезона само 1 евро.

Од денес, 21 јули, сите патници на крузери кои ќе одлучат да се симнат од бродот и да посетат едно од грчките пристаништа ќе мора да платат нов данок, потврди Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции на Србија (YUTA), пренесува eKapija.

Според него, износот на таксата зависи од пристаништето и времето од годината.

Најскапа е во главната сезона на Санторини и Миконос, каде што е 20 евра. Во другите пристаништа во текот на сезоната таксата е 5 евра, додека вон сезона чини 1 евро.

„Данокот го плаќа секој што ќе го напушти бродот и ќе стапне на копно, но важно е да се напомене дека патниците што остануваат на бродот не се обврзани да го платат“, истакна Сеничиќ за РТС.

Патниците го плаќаат данокот само еднаш по остров, без оглед на должината на нивниот престој, без разлика дали остануваат неколку часа или неколку дена.

Плаќањето се врши автоматски на самиот брод. Кога патникот ќе се симне од бродот, системот го регистрира заминувањето со скенирање на картичката на бродот, а износот се задолжува од неговата сметка и се плаќа заедно со другите трошоци на крајот од крстарењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни