Во четврток на 15 август во 19:00 часот во Галеријата на Факултетот за ликовни
уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе биде отворена изложбата „Траги од два света“.
Се работи за ексклузивна колекција на дела од современи словачки уметници, со фокус на цртежот и графиката и нивните преклопувања со други уметнички дисциплини.
Оваа изложба е дел од проектот „Словачки уметнички патишта 2024“, кој има за цел да ја претстави словачката визуелна уметност на меѓународната сцена и да ги поврзе уметниците со меѓународни мрежи.
Изложбата промовира меѓукултурна соработка и поттикнува дискусии за важни социјални и еколошки прашања. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат динамичните и иновативни пристапи на словачките уметници кон современата визуелна уметност.
Куратори се Бранислав Журко и Адам Мачко, а уесници се Игор Бенча, Луција Фабова, Марек Халаш, Адам Мачко, Роберт Макар, Матуш Мататко, Ева Мофларова, Јулијана Мрвова, Станислав Пиатрик, Владимира Вајс Савканичова, Дениса Славковска, Патрик Шевчик, Петер Валиска, Тимечко и Владимир Вајс.
На отварањето на 15 август во 20.00 часот ќе биде изведен пеформанс: Матрицата како ринг со Петер Валиска-Тимечко и Станислав Пиатрик.
Во петок на 16 август во 09:30 часот ќе биде изведен перформанс: Корео_графика со Петер Валиска-Тимечко и Томаш Савканич.
Од 10:00 – 12:00 часот ќе има работилница за акциона графика со Петер Валиска-Тимечко, Градски структури (фротаж, монотипија) со Станислав Пиатрик, а од 13:00 – 14:00 часот ќе биде предавањето
Словачка визуелна уметност и местото на акционата графика
Проектот се реализира со подршка од Советот за уметности на Словачка како главен партнер