Курирана од Сабине Фелер, со ко-кураторство на Лауренз Фелнер, изложбата преку фотографии, видеа, цртежи, скулптури и нови еко-уметнички практики отвора простор за критичко толкување на климатската криза. Претставените дела нудат алтернативни визии за можни одржливи иднини и го покануваат посетителот да преиспита сопствениот однос кон природната средина.
Проектот е реализиран со поддршка од Австриската амбасада и ЕВН.
Официјалното отворање на изложбата ќе се одржи во Музејот на современата уметност – Скопје на 4 декември во 18:30 часот. Изложбата е дел од пошироките иницијативи за унапредување на современата уметност во контекст на глобалните еколошки предизвици.
