Изложбата „Надеж – светлина низ темнината“, ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта

„Надеж – светлина низ темнината“ носи јасна, позитивна порака – дека уметноста останува просторот каде светлината секогаш победува, без разлика на времето, медиумот или генерацијата.

Во Младинскиот културен центар – Скопје, во понедленик, 17 ноември, ќе биде отворена самостојната изложба „Надеж – светлина низ темнината“ на уметницата Ана Митевска, во кураторство на Јасминка Намичева.

Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години. Митевска низ својата естетика на светлина и рефлексија ја истражува човечката издржливост, тивката верба и моќта на внатрешниот мир.

Посебен акцент на отворањето има музичкиот сегмент инспириран од песната „Во облак сонце“ – со текст на Драган Михајловски, аранжман и музика на Илија Пејовски и Константин Коце Икономов, а победнички изведена од Маја Оџаклиевска на Скопскиот фестивал во 1974 година.

Повеќе од пет децении подоцна, оваа композиција добива ново издание во продукција на Александар Митевски и вокал на Ана Петановска, создавајќи современа звучна рамка што ја надополнува визуелната енергија на изложбата

„Надеж – светлина низ темнината“ носи јасна, позитивна порака – дека уметноста останува просторот каде светлината секогаш победува, без разлика на времето, медиумот или генерацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни