На 22 мај во Фоајето на НУ Центар за култура Битола, во 19:30, сите љубители на фотографијата ќе можат да ја погледнат изложбата на фотографии Монодиоптрија .
Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените на фестивалот во изминатите години.
Оваа изложба е увертира во 25-тото издание на International Monodrama Festival-Bitola.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а партнери на проектот се Центар за култура Битола и здружението Center for European Development and Integration од Битола .