Изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“ доказ за визијата и посветеноста во МСУ

Оваа изложба е доказ за нашата посветеност во работата, дури и оваа изложба како ваква ја нема во програмата на Музејот, ова е лична иницијатива на мене и на мојот колега Благоја. Ние секојдневно работиме со овој материјал, прегледуваме прверуваме, спојуваме, правиме анализи, спојуваме со определени документации кои не се толку познати. Оваа изложба е сериозна не само затоа шт го одбележува овој јубилеј туку и дава ново светло на овој тип материјал кој најчесто се сметал за второстепен и посебно луѓето кои се вклучени во него, во креирањето на сликата на музејот.

Со двајцата куратори,  Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец поразговаравме околу постулатите на кои почива МСУ, како направиле селекција на овие координати и кое дело е најзначајно за нив од поставената изложба.

Трн: МСУ почива на солидарност, соработка и добра воља. Изграден е на тие основи, меѓутоа колку мислите дека сега овие вредности се применуваат во развојот на музејот и дали во современо време би се повторила таа солидарност ?

Владимир: Ние со нашата работа контунирано се трудиме да потсетиме на тоа, со нашите соработки со странските институции особено изложбите кои ги работевме за Виена и за Прага во соработка со тие институции и кураторскиот тим ВХВ се засноваат токму на тие принципи, се обидуваме со начинот на работа и како тема да го разработиме тоа и да го потенцираме тоа бидејќи денес на многу точки од светот потребна е солидарноста од било кога претходно.

Благоја: Од искуство во последниве неколку години, со меѓународните изложби и соработки на мсу со доста познати уметници од регионот и светот, таа солидарност некако ја продолживме, ја отворивме како еден нов бран на солидарност. Меѓутоа, вашето прашање дали солидарноста би се обновила како во периодот на првите бранови во постземјотресно Скопје со собирање на уметнички дела од целиот свет, кога масовно се донирале дела од светски познати уметници, тоа малку звучи утописки, да не кажам невозможно во ова брзо време и во времето кога сите трчаат по финансии итн. Не верувам дека таа солидарност повторно би се случила во тие рамки.

Трн: Како успеавте да ги издвоите координатите?

Владимир: Селекција е многу тешко да се направи, особено кога ќе погледнете една богата историја од 60 години не само како време поминато, туку како настани кои се реализирани како теми кои се обработени, како претставување на автори, уметници со нивните дела, предавачи, настани од различен тип, отприлика околу 1500 настани од историјата на музејот.

Селекцијата е ужасно тешка работа ако треба да се издвои нешто, нормално секоја селекција се базира на различни принципи, не мора тоа да биде исклучиво клучни точки кои се бираат по квалитет, може да бидат по клучни периоди, некои дела кои имаат едноставно контекст. Ние вклучивме дела од колецијата, но на оваа изложба имаат рамноправна улога со плакатите, со публикациите, со графиките, со документите. Идејата беше да се направи една изложба бидејќи веќе подолго време не е направен преглед што музејот има како материјал а се поставува и отворено прашањето на кој начин понатаму ќе се третираат материјалите, плакатите кои во некои случаи можат да бидат поважни од графичките листови. Ние тука имаме графики кои се изработени од врвни уметници, локални, како што е постерот за Пикасо од 1967 година изработен од Драгутин Аврамовски Гуте, потоа имаме графики кои се дела на врвни светски уметници кои постојат во повеќе примероци.

И во однос на достапноста, реткоста, зборуваме за материјал кој е исклучително  важен. Нашите тиражи на македонски јазик не се во голем број, така што и тие публикции после некој период стануваат реткост. Затоа оваа изложба покрај авторите и светски и домашни, сакаме да им го дадеме признание и на дизјнаерите кои учествувале во обликувањето на идентитеот на музејот и градење  преку музејот на визулената култура на земјата.

Благоја: Имавме многу тешка задача, поради тоа што Музејот на современата уметност од почетокот од создавањето до денес има над 1500 настани, значи тоа се настани кои вклучуваат филмска програма, изложби, предавања, интердисциплинарна програма, меѓународни соработки, тоа е еден огромен материјал кој што требаше да се преразгледа да се направат некој појдовни точки и да се направат фокус на годините. Оваа изложба ја поделивме на неколку декади, така беше многу полесно да се фокусираме на она што е најважно, секако нас ќе ни требаат уште три вакви музеи во целокупната квадратура за да ние го изложиме целиот материјал којшто го имаме и сите дела. Ова е една мала селекција од триесетина уметнички дела од колекцијата и доста материјали. Во првиот сегмент е покажано земјотресот и постземјотресно Скопје и основањето на музејот и оттука е појдовната точка за разработка на целиот тој материјал којшто го имаме во архивите на музејот.

Трн: Од хронолошки аспект кое е најстаро дело прикажано на оваа изложба?

Владимир: На оваа изложба најстаро дело е делото на Марина Тартаља, дело од југословенски уметник и всушност тоа е делото со инвентарен број 1. Делото не е најстаро по година на создавање, туку на оваа поставка тоа дело е изработено 1960 година, уметикот го подарува уште 1963 година, веднаш по земјотресот и подоцна преку друштвото на хрватските ликовни уметници, донацијата на Ломбарда, вклучувањето на светските уметници веќе тоа зима голем залет и многу брзо се собираат огромен број дела.

Трн: Се споменуваат имињата на Борис Петковски и на Соња Абаџиева во Музејот со голема почит и за нив се вели дека она што го имаат поставено како принцип на работа, сѐ уште се применува во работата на Музејот. Што точно поставија тие што е одржливо до ден денес ?

Владимир: Тие како професионалци во својата област поставија некои принципи кои се однесуваат и на работата, но и не само професионалност во работата, туку и огромен ентузијазам. За да се изгради еден ваков музеј потребна е една огромна моќ на убедување на политичките елити за да ја сфатат важноста на тој музеј. Овој музеј од една страна е и чудо. Во услови на изградба на град кој е уништен 80 посто од станбените објекти и од јавните објекти да планирате обнова на градот, клучни урбанистички проекти но од друга страна да предизвикате интерес да се создаде нешто кое  ќе обезбеди културен раст на градот е огромна работа.

Дури и оваа изложба е доказ за нашата посветеност во работата, дури и оваа изложба како ваква ја нема во програмата на Музејот, ова е лична иницијатива на мене и на мојот колега Благоја. Ние секојдневно работиме со овој материјал, прегледуваме прверуваме, спојуваме, правиме анализи, спојуваме со определени документации кои не се толку познати. Оваа изложба е сериозна не само затоа шт го одбележува овој јубилеј туку и дава ново светло на овој тип материјал кој најчесто се сметал за второстепен и посебно луѓето кои с вклучени во него, во креирањето на сликата на музејот.

Трн: Колку време се подготвуваше изложбата?

Изложбата се поставува за помалку од една недела, меѓутоа на овој материјал се работи со години, сите ние што на некој начин сме вклучени во изработката на изложбата со овој материјал работиме постојано, се интересираме за негово зачувување да стане достапен за стручната јавност но и за пошироката публика во форма на изложба, затоа што широката јавност ја нема ни одблизу големата слика за тоа кое е значењето на институцијата, посебно обемот на реализирани проекти, вклучувајќи ја и нивната визуелна комуникација.

Формираме едно компаративно поле каде различните периоди ќе можат да се согледаат истовремено и да се направи споредба, дали она што се работело е подобро, дали можеби се нсоките на кои се придржуваме сега, отвараат еден нов поглед во работата на музејот, како отварање на светот.

Трн: Кои настани се подготвуваат следно?

Изложбата е дел од одбележувањето на шесетгодишнината од основањето МСУ – Скопје кое ќе продолжи во текот на целата 2024 година со повеќе значајни настани, изложби и предавања, работилници.

Благоја и Владимир: Потоа следи аквизиции и донации од нашите изложби од последните неколку години од донираните дела, после имаме самстојна изожба од еден косовски уметник кој живее во Њујорк, понатаму имаме две самостојни изложби од победниците од последното биенале за млади, на крајот на септември отвараме изложба на Лиа и Дан Пержовски, тоа е интересен пар од Романија кои се светски познати и продолжуваме на есен со две големи изложби кои ќе останат изненадување и секако да дополниме дека пред две недели се отвори изложбата „Ниедно чувство не е конечно“ во Прага, кое е продолжение на изложбата во Виена кое траеше до март месец оваа година.

Трн: Кое е најзначајно дело од оваа колекција?

Најнзначајно и за нас и за музејот и за светската уметност во моментов од оваа колекција е делото на Александар Калдер без конкуренција. 

Калдер е секако во врвовите на светската модерна уметност, особено препознатлив по тоа што бил меѓу пионерите на поставување на кинетички инсталации кои се особени тешки за поставување а ова дело е конкретно инспирано од темата Јадици.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни