Изложбата “Експериментален цртеж ” во галерија Кунст Депот во Венеција

Изложбата Експериментален цртеж оваа година е посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески

Изложбата “Експериментален цртеж ” ќе биде отворена во галерија Кунст Депот, Венеција на 7 ноември во 18ч и ќе трае до 17 ноември. Изложбата е во оеганизација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија како дел од официјалната годишна програма.

Оваа 2024 година изложбата се органзира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.

Таа има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми.

Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники.

,,Имавме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година во Македонија се реализираше во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, велат од ДЛУМ.

ДЛУМ дополнително ја воведе и темата – можност за осврт кон делото на Борко Лазески со идеја да се поттикнат современите автори за истражување и создавање на сопствени дела во релација со цртежите, но не и делото на еден од основоположниците на македонската ликовна уметност. Уникатна можност за синергија помеѓу авторите и просторот во кој творел и живеел нашиот великан Борко Лазески чие творештво осртанува да инспирира и поттикнува.Изложбата Експериментален цртеж е дел од програмските изложби на ДЛУМ.

Оваа година на 7ми ноември ДЛУМ ја отвара изложбата Експериментален цртеж во Венеција, во галеријата Кунст Депот.

Ова претставување е значајно како за ДЛУМ така и за можноста да го претставиме ресентното творештво на нашите членови на ДЛУМ на меѓународна сцена. Изложбата Експериментален цртеж оваа година беше посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески каде и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни