Денес во 20 часот, во куќата на Борко Лазески ќе биде поставена изложбата „Цртеж. Експериментален цртеж“. Изложбата која е во организација на ДЛУМ ќе биде отворена за посета до 10 мај. ДЛУМ дополнително ја воведува и темата – можност за осврт кон делото на Борко Лазески со идеја да се поттикнат современите автори за истражување и создавање на сопствени дела во релација со цртежите, но не и делото на еден од основоположниците на македонската ликовна уметност. Уникатна можност за синергија помеѓу авторите и просторот во кој творел и живеел великанот Борко Лазески, чие творештво останува да инспирира и поттикнува.