На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со наслов “Професори и студенти”, која посетителите ќе можат да ја видат до 29 ти јуни.
„Настанот има цел да стави акцент на широкиот спектар од наставни програми со кои располагаат приватните и државни универзитети во Македонија, да ја потенцира разликата меѓу нив, како и да ги актуелизира наставните потенцијали и квалитетот на нивните ученици со дела од областа која ја студирале. Изложбата, всушност ќе биде еден селектиран избор на веќе етаблирани, но и автори чијшто потенцијал допрва ќе се развива, уметници од различни генерации, сликари, графичари, фотографи, скулптори, илустратори но претставници од модниот дизајн и индустрија, кои посветено работат на полето на визуелните уметности години наназад“ , велат организаторите.