На 16 jули во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Житно класје“ на Владимир Младеноски со почеток од 20 часот.
Владимир Младеноски е роден 14 октомври 1945год. во Подгорци-Струга. Учителка школа завршил во Охрид 1964год, а Педагошка академија 1966-68 во Скопје во класата на проф. Вангел Коџоман.
Како студент во 1968год. престојува во Венеција, Италија со проф. В. Коџоман.
Член е на ДЛУМ, ДЛУБ, ДЛПМ и СУЛУЈ.
Владимир Младеноски е сликар на обдарената и недофатна метафора на природата.
Од неговите слики извира и импонира завидна рака на бои, теми и сликарски техники од кои се ослободува енергија на сликата и допира до сетивата на отворената светлина пред окото на чии видик се таквите слики