Во Битола поставена изложбата „За послушноста“ од Перо Кованцалиев

Вчера вечер во просторитте на Друштвото на ликовните уметници на Битола беше отворена изложбата „За послушноста“ од Перо Кованцалиев.

Не изложбата беа претставени со дела во кои го разгледува човековото однесување на кое се должи формирањето на секое негово групирање од фамилијата до државите и без кое не би преживеела ниедна социјална структура.

– Послушноста е предиспозиција за разните форми на владеење, фундаментот за формирањето на модерните држави, но и причина за тоталитаристичките идеологии. Таа е фактор од чие толкување зависи индивидуалната слобода, но може да не однесе и до уништување на другиот, според заклучоците од Милиграмовиот експеримент. Кованцалиев за своите дела симболично го зема увото како основен елемент и орган преку кој непосредно навлегува присуството на другиот. Овој анатомски фрагмент е изведен од повеќе материјали и се појавува групиран во разновдни форми, често без центар и насока, како неопределена маса подготвена да биде моделирана од современите потреби. Увото не е единствено центар за слух туку и за рамнотежа. Послушноста е врската која балансира помеѓу редот и хаосот, помеѓу страстите и рационалноста – вели Васко Ѓоргиев.

Перо Кованцалиев е роден во 1982 година во Гевгелија и е мултидисциплинарен уметник чие творештво е поттикнато од идејата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела потикнувајќи промени за одржлив развој, нагласувајќи ја притоа и потребата да се земаат во предвид последиците од нашите постапки.

Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, оддел вајарство во Скопје. Работи низ скулптура, уметнички инсталации и кинетика, видео и фотографија, сликарство и експериментален цртеж. Реализирал повеќе од 15 самостојни изложби и учествувал на многубројни групни претставувања. Добитник на наградата „Боро Митриќески“ за 2020 година. Член а ДЛУМ, ИКОМ, ДЛУБ, ДЛУГ, ММЦГ. Живее и работи во Скопје како самостоен ликовен уметник, скулптор, графички дизајнер, конзерватор и реставратор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни