Изложба „Професори и студенти“ во МКЦ

Оваа година, точно сто години по отворањето на втората групна изложба во историјата на Македонија и сто години по првиот, неуспешен, обид за формирање на Ликовна академија, се отвара втората групна изложба на дела на професори и студенти од уметничките факултети и школи во земјава, едноставно наречена „Професори и студенти“.

На изложбата се претставени дела на универзитетски професори и студенти од следниве факултети и школи: Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Факултетот за уметност и дизајн на Интернационалниот Балкански Универзитет, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје, Ликовна академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и „Скала“ – Школа за дијзан и уметност.

Самата бројка на застапени институции, како и на различните академските програми што тие ги нудат, говори многу за промената и за развојот на културната и ликовната свест во Македонија во изминатите сто години, а истовремено, и за сегашното високо ниво на уметничката и академската култура во нашата земја. Изложбата „Професори и студенти“ е амалгман од разни дела и место каде што се спојуваат ликовните гласови на уметници од различни уметнички академии. Поради тоа слободно може да кажеме дека овој еклектичен собир е одреден вид на прослава на разни дискурси што ја дефинираат современата уметност, каде секој уметник придонесува со својата лична визија. Тоа што веднаш плени на изложбата е разноврсноста на уметничките техники на изложените дела. Претставени се сликарски дела на платно и лесонит како и графики изработени во некои од класичните, традиционални техники како сува игла, акватинта и висок печат (каде најбројни се делата изработени на линолеум – линорез

Основата, сржта на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и на нивните студенти. Меѓутоа, поради групното прикажување избраните дела, статусните разлики што постојат во ателјеата на академиите и школите, разликите помеѓу професор и студент, помеѓу ментор и ученик, овдека ги нема. Делата се поставени на ѕидовите и сега тие „говорат“, при што се појавува и еден друг диалог што ги надминува поделбите на разни академски институции а со тоа ја збогатува и уметничката култура на нашата земја.

Изложбата ќе биде отворена до 23 јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни