Изложба посветена на Милка Ефтимова на 27 октомври во Спомен куќата на Мајка Тереза

По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова.

 По повод 25 Октомври – Денот на операта во амфитеатарот на Спомен куќата на Мајка Тереза на 27. овој месец ќе се одржи изложба посветена на Милка Ефтимова.

Како што информираат организаторите, изложбата е резултат на соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Музеј на Македонската борба за самостојност.

„Изложбата ја слави уметноста, животот и хуманоста на Милка Ефтимова(1936–2025) – првенка на Македонскиот народен театар, оперска пејачка со меѓународна кариера и посветен педагог кој остави траен белег врз генерации музичари. Родена во Радовиш, таа го понесе својот глас до најголемите сцени, но секогаш остана длабоко поврзана со луѓето, со земјата, со ученикот. Сместена во Спомен куќата на Мајка Тереза, оваа изложба го нагласува спојот меѓу уметноста и хуманоста – двете сили што ја воделе Ефтимова низ животот. Нејзината сценска величина никогаш не беше одвоена од човечноста што ја покажуваше надвор од сцената – преку помагање, поддршка и грижа за младите таленти, за колегите, за заедницата. Изложбата е поставена во Спомен куќата на Мајка Тереза како симболичен спој на музиката, хуманоста и женската сила“, се наведува во соопштението за претстојната изложба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни