Изложба „Последните денови на Ван Гог“ во D’Orsay во Париз

Во музејот D’Orsay во Париз е поставена изложбата „Последните денови на Ван Гог“ која беше предизвик да се посети и да се ужива во несекојдневната можност.

Оваа изложба е поставена во месец октомври годинава, и воедно е прва посветена на делата од Винсент Ван Гог (1853-1890) од последните два месеци од неговиот живот, во Овер-сур-Оаз, во близина на Париз. Изложбата е резултат на долгогодишно истражување на оваа клучна фаза од животот на уметникот и конечно ќе и овозможи на јавноста да ја цени нејзината вистинска важност.

Винсент Ван Гог пристигнал во Овер-сур-Оаз на 20 мај 1890 година и таму починал на 29 јули по обид за самоубиство. Иако сликарот поминал само малку повеќе од два месеци во Овер, тој период му бил период на уметничко обновување со свој стил и развој, обележан со психичката напнатост што произлегувала од неговата нова ситуација, како и со некои од неговите најголеми ремек-дела.

Ниту една изложба досега не била исклучиво посветена на последната, но сепак клучна фаза во неговата кариера. За само два месеци, уметникот направил 74 слики и 33 цртежи, вклучително и некои култни дела: Портрет на д-р Пол Гаше, Црквата во Оверс и Житното поле со врани.

На изложбата се претставени четириесетина слики и околу дваесет цртежи, а тематски го истакнува овој период со: први пејзажи со селото, портрети, мртва природа и пејзажи кои ја прикажуваат околината. Претставени се и серија слики во издолжен двоен квадрат, единствени во делото на Ван Гог.

Во Музејот D’Orsay ќе биде поставена до 4 фебруари, 2024 година.

Изложбата е организирана од музеите Орсеј во Париз и Музејот на Ван Гог во Амстердам, кој ќе ја претстави од 12 мај до 3 септември 2023 година по повод 50-тиот роденден.

Најново

Последни колумни